Хокеар доживеа инфаркт среде натпревар, лекарите едвај успеале да го спасат (ВИДЕО)

Хокеарот на Сент Луис, Џеј Бумистер, имал инфаркт за време на натпреварот против Анахајм Дакс. Тој откако седна на клупата за резерви се струполи па мечот беше прекинат.

Неколку часа по немилион настан, првиот човек на тимот, Даг Армстронг, во медиумите потврди дека играчот имал инфаркт, но му се заблагодари на лекарскиот тим, кој успеал да го спаси животот на хокеарот.

Џеј е буден и свесен кога го однесоа во болница, можеше да зборува и да ги движи рацете и нозете. По дополнителните медицински прегледи заклучено е дека имал срцев удар, изјави Армстронг.