Ужасни сцени во Италија: Велосипедска трка имаше трагичен крај! (ВИДЕО)

На околу 400 метри до целта се случи несреќа чиј епилог беше трагичен бидејќи животот го загуби 41-годишниот Стефано Мартолини, спортски директор на екипата Вирис Виџевано.

Спортскиот директор го следеше мечот покрај патеката, а во еден момент еден од велосипедистите изгуби контрола и удри директно во него.

Мартолини падна незгодно и си ја удри главата од подот, по што докторите констатирале смрт.