Од село под Алпите до Елисејските полиња: Голобрад Словенец го збудале светот!

Тадеј Погачар (22 години) со триумфот на 107. издание на велосипедската трка Тур Д'Франс го внесе своето име во историјата и тоа во три различни категории.

Младиот Словенец, кој инаку е роден во мало село под Алпите, е прв велосипедист во историјата на оваа престижна трка, кој на крајот се закитил со три маички. Со жолтата за вкупниот триумф, точкестата како најдобар во брдските етапи и белата што се доделува на најдобриот на возраст до 23 години. Последен пат сличен успех направил Еди Меркс во 1969 година, кога освоил четири маички, но тогашното категоризирање било далеку поразлично. Овој успех на Погачар му донесе награда од 545.000 евра, која традиционално се дели со сите членови на тимот за кој настапува.

„Ова е неверојатно, стоејќи на највисокото место на пиедесталот, тука во Париз. Никогаш не ни сонував дека ќе се најдам тука. Ова беше прекрасна тринеделна авантура за мене“, изјави Погачар, кој вози за тимот на Обединетите Арапски Емирати.

Тој воедно е првиот Словенец, но и натпреварувач од просторот на поранешна СФР Југославија кој успеал да дојде до триумф на Тур Д'Франс, а е втор најмлад кому му успеало да победи, по Французинот Анри Корне уште во далечната 1904 година.