Избегната трагедија: Велосипедист го делеа сантиметри од пад во провалија! (ВИДЕО)

Драматична беше претпоследната етапа на легендарниот „Тур Д’Франс, каде што американскиот велосипедист Сеп Кус за малку избегна трагедија.

Во завршницата Американецот влета брзо во остар свиок, загуби контрола над велосипедистот и заврши во заштитниот ѕид кој го одвојува патот од провалија.

Кус за среќа успеа да запре во заштитната мрежа, а потоа и да ја продолжи трката, но целата ситуација изгледаше драматично.