Шпанија е првиот финалист на Европското првенство во ватерполо!

Ватерполистите на Шпанија се првите финалисти на Европското првенство во Унгарија, откако славеа на дуелот против Хрватска со 9-8.

Иако „коцкестите“ по првата четвртина имаа минимална предност со 1-0, пред се поради одличните одбрани на двете репрезентации, сепак на полувреме се замина со 4-4. Во трериот период и двете селекции постигаа по два гола, а клучна беше последната четвртина која ја доби „Фуријата“ за пласман во големото финале.

Второто полуфинале ќе се одигра вечерва во 19 часот, а во него домаќинот Унгарија ќе ги одмери силите против Црна Гора.