Зверев во два сета го реши Медведев и го освои Завршниот турнир во Торино

Германскиот тенисер Александер Зверев го освои Завршниот турнир во Торино, откако во финалето беше подобар од Русинот Данил Медведев со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-4.

Зверев го реши првиот сет во третиот гем, кога направи еден брејк и поведе со 2-1, а предноста не ја испушташе до крајот и лесно ги добиваше гемовите, па така стигна до 6-4.

Ништо не се промени ниту во продолжение од мечот, а брејкот во првиот гем од вториот сервис му беше доволен на Германецот да ја обезбеди победата.

Германецот на ваков начин му се одмазди на Медведев за поразот во групата и исто така вторпат во кариерата го освои Завршниот турнир.