Зверев го збриша Надал: Шпанецот очигледно не е подготвен за игра

Александер Зверев на фантастичен начин ја почна одбраната на титулата на завршниот Мастерс во Лондон, откако во два сета со 6-2 и 6-4 го збриша првиот светски рекет Рафаел Надал. 

Германецот стигна до својата прва победа во шесте меѓсебни дуели со Шпанецот. Надал очигледно не беше доволно подготвен за овој меч, откако минатата недела се повлече од полуфиналето во Париз поради повреда на стомачните мускули.

Беше неизвесен за настап во Лондон, но смогна сили да се појави на завршниот турнир, што никогаш досега во кариерата го нема освоено. 

Денеска во истата група наречена „Андре Агаси“, Стефанос Циципас со 7-6 и 6-4 го совлада Данил Медведев. Во второто коло во оваа група, што се игра задутре, Зверев игра со Циципас, додека Надал со Медведев.