Вимблдон ќе ја тужи АТП, а најголем добитник може да биде Ѓоковиќ!

Поради војната во Украина, Вимблдон реши да ги суспендира сите руски и белоруски тенисери, а на тоа реагираше АТП и реши да ги одземе бодовите кои ги доделува третиот гренслем-турнир во сезоната, но сега може да се случи нов пресврт.

Британски „Тајмс“ објави дека раководството на Вимблдон поднел тужба против АТП затоа што им ги одземал бодовите и ако излезат како победници најмногу ќе слави Новак Ѓоковиќ.

Причина за тоа се 2.000 бодови колку би загубил Србинот ако остане на сила одлуката на АТП, а тоа ќе му дозволи на Данил Медведев да го преземе врвот.

„Вимблдон ги контактираше адвокатите и ќе ги тужи АТП и ВТА. Направени се првите разговори и се бара начин со кој може да му се вратат бодовите на Вимблдон“, пишува „Тајмс“.