Виландер: Федерер загуби само поради глупавото правило

За прв пат во историјата на Вимблдон во машка конкуренција беше одигран тај-брејк во петиот сет при резултат 12:12. Историскиот тај-брејк му припадна на Новак Ѓоковиќ со кој дојде до титулата на грен слем турнирот во Лондон, откако во финалето беше подобар од Роже Федерер.

Многумина сметаат дека тоа е грешка на челниците на третиот грен слем сезонава, кои одлучија да направат промена и наместо досегашното играње во два гема разлика во петиот сет, воведоа тај-брејк. Еден од оние кои се не согласуваат со новото правило е и легендарниот Швеѓанец Матс Виландер.

Тај - брејк на 12:12 нема никаква смисла. Нормално, што повеќе драма, тоа е подобро за гледање. Тој тај - брејк можеше да се игра и на 6:6. Мислам дека петиот сет од финалето треба да се игра како порано. Федерер очигледно е подилен кога игра тенис по старите правила, порача Виландер по спектакуларното финале.