Вавринка се прости од Австралија Опен со пиво - на центарот на теренот (ВИДЕО)

Поранешниот Гренд слем шампион Станислас Вавринка денеска го одигра својот последен натпревар на Австралија Опен.

Во третото коло, тој загуби од Тејлор Фриц со 1-3, но покрај поразот и елиминацијата, остана во центарот на вниманието и го украде шоуто. Додека држеше говор, покрај директорот на турнирот Крег Тајли, Вавринка зеде две лименки пиво и заедно со него се прости од австралиската публика пред која играше 19 пати во последните 20 години.

 

 

Отвореното првенство на Австралија има посебно место во кариерата на Вавринка бидејќи таму ја освои својата прва Гренд слем титула. Од 2006 година го пропушти само еднаш, а барем до четвртфиналето пет пати. Австралија Опен го освои пред 12 години победувајќи го Рафаел Надал во финалето, откако претходно славеше и против Новак Ѓоковиќ.

Вавринка учествуваше на Австралија Опен како 156 светски тенисер и со специјална покана.

фото: EPA photo