Вавринка го прегази Мареј на стартот на Ролан Гарос

Пред неколку години меч помеѓу Стен Вавринка и Енди Мареј ќе значеше борба за највисок пласман, но времето промени многу во тенисот, па овие двајца некогаш врвни тенисери денеска играа во првото коло на Ролан Гарос. 

Шампионот од 2015 година на црвеницата во Париз, Вавринка без проблеми го совлада Британецот со 6-1, 6-3 и 6-2. На теренот на „Филип Шартие“, како што кажува и самиот резултат, Швајцарецот беше убедлив и доминантен. Вавринка дојде до фантастични 42 винери, додека Мареј имаше само 10. 

Во следната рунда Швајцарецот ќе игра против Германецот Доминик Кепфер. 

Кеи Нишикори во пет сета со 1-6, 6-1, 7-6, 1-6 и 6-4 го совлада Доминик Еванс. Џон Изнер со 6-4, 6-1 и 6-3 го совлада Елиот Бенчетрит, а Марко Чекинато со 7-6, 6-4 и 6-0 беше подобар од Алекс де Минаур.