Уште еден удар за Ју-Ес Опен: Вавринка нема да игра во Њујорк!

Швајцарскиот тенисер Станислав Вавринка нема да заигра на гренслем-турнирот Ју-Ес Опен поради лошата здравствена состојба во Њујорк.

Вавринка се приклучи на големата група тенисери кои нема да настапат на турнирот.

„Не сакам да одам во Америка во вакви услови, затоа што постои сериозна здравствена ситуација посебно во Њујорк. Постојат и прашања кои се поврзани со карантинот, односно неизвесност и уште повеќе сомнежи поврзани со одржувањето на Ју-Ес Опен“, порача Вавринка.