Тенисер освои сет во Мајами, па си запали - цигара (ФОТО)

Аргентинскиот тнеисер Франциско Комесања успешно ги мина квалификациите за мастерсот во Мајами, но потоа беше елиминиран во првото коло на турнирот. Сепак, еден негов потег од квалификациите привлече големо внимание.

Комесања на првиот меч од квалификациите пред три дена го освои првиот сет против Мајкл Мо со 6-3 , по што реши да ја искористи паузата меѓу сетовите за да си запали цигара.