Талентиран тенисер претера со пцовки: Играш како пи*ка! (ВИДЕО)

Данскиот тенисер Холгер Руне воодушевуваше со неговите настапи, но сега ги налути сите поради неговиот скандалозен испад поради кој АТП почна истрага.

Поранешниот светски рекет број еден во јуниорска конкуренција на мечот против Томас Мартин го навредуваше ривалот, а притоа искористи премногу пцовки, кои би можеле да му донесат висока казна.

„Играш како пи*ка“, викаше 18-годишниот талентиран тенисер сред теренот и така покажа непочит кон ривалот.

Ова момче тренираше и со Новак Ѓоковиќ во минатото, но по ова однесување сигурно ќе го промени мислењето на јавноста.