Српски тенисер застрелан во Америка, Ѓоковиќ испрати парична помош

Српскиот тенисер Лука Стојановиќ бил застрелан на 13 мај во Америка и води голема животна битка, а неговиот сонародник Новак Ѓоковиќ решил да помогне.

Овој немил настан се случил кога напаѓачот го застрелал Стојановиќ додека седел во автомобилот, а куршумот ја погодил главната артерија, но за негова среќа интервенирал еден полицаец кој бил во близина и му го спасил животот.

По неколку недели поминати во болница бил пуштен на домашно лекување, меѓутоа останале големи долгови кон болницата, па Ѓоковиќ решил да му помогне со 5.000 долари.