„Состојбата на Новак е загрижувачка - го гледав и се вознемирив“

Поранешната најдобра светска тенисерка Жистен Енан призна дека била вознемирена додека го гледала Новак Ѓоковиќ на турнирот Монте Карло минатата недела.

Веројатно поради високата температура, српскиот ас едвај стоеше на нозе на дуелите против Музети и Де Минор што за него не е карактеристично имајќи предвид дека беше еден од најподготвените светски тенисери.

„Секогаш е изненадување, дури и се вознемирив што го видов во ваква состојба. Очигледно со температурата која е поврзана со подлогата многу е тешко за да играчите да се снајдат. Новак не е на своето највисоко ниво, но победува“, изјави Енан.

Ѓоковиќ сезонава одигра само три турнири и не се прослави на нив иако на два стигна до полуфиналето. Средина е на четвртиот месец од 2024 година, а тој се уште нема ниеден трофеј и така ќе остане барем уште неколку недели бидејќи не е најавено негово учество на турнирите пред Мастерсот во Рим.