Скандал на Роланд Гарос: Наместен меч во квалификациите (ВИДЕО)

Најугледниот спортски весник „Л'Екип“ објави голем скандал повикувајќи се на информации од француската полиција, откако вчера таа добила анонимна дојава дека на Роланд Гарос е многу сомнителен и се работи за класична местенка.

Главниот турнир на вториот гренслем ќе почне идната недела, но во ек на терените на Отвореното првенство на Франција се квалификациите, а станува збор за пресметката на Израелецот Дуди Села и Шпанецот Бернабе Запата Миралес, кои играле меѓусебе пред четири дена.

Села (37) загубил во два сета со само три освоени гема, 3-6, 0-6, но спорен е вториот сет во кој Шпанецот без мака и без загубен гем го освои и стигна до победата на мечот. Полицијата добила дојави за сомнителни уплати и тоа огромни токму во вториот сет, а сега истата се сомнева дека двајцата тенисери го наместиле мечот.

Најголем дел од уплатите биле од Кипар, Ерменија и Украина (?!), која во моментов е под руска инвазија. Полицијата сега сериозно го истражува овој случај, најави францускиот весник.

Тенисот е втор спорт во кој веќе неколку години има најголем број на сомнителни мечеви и местенки, веднаш зад недопирливиот фудбал, според сите годишни извештаи на „Спортсрадар“, агенцијата која ги следи сите сомнителни уплати и паѓања на коефициентите во светските обложувачници.

Инаку во 2020 година, русинката Јана Сизикова беше обвинета дека местела мечеви за обложувачката мафија на Роланд Гарос.