Синер влезе во одбрано друштво, но призна: Јасно беше дека Ѓоковиќ е повреден

Италијанскиот тенисер, Јаник Синер денеска полесно од очекуваното со 3-0 во сетови го совлада Новак Ѓоковиќ за финале на Вимблдон каде што ќе игра против Карлос Алкараз.

По завршувањето на мечот, Синер призна и дека повредата на Ѓоковиќ која ја заработи во четвртфиналето била една од причините.

„Неверојатно. Не можам да верувам. Ова е турнир кој како дете секогаш го гледав, никогаш не можев да замислам дека тука ќе играм финале. Денеска тука беа мојот татко и браќата, тие се моја голема поддршка. Одлично се движев и добро сервирав, но сите можеа да видат дека Ѓоковиќ е повреден, се повреди на крајот од четвртфиналето. Се трудев да останам мирен, посебно во клучние моменти. Ќе видиме што ќе донесе финалето“, изјави италијанскиот ас.

Синер со овој триумф стана и петтиот тенисер кој од 1995  година успеал да се пласира на сите четири грен-слем турнири. Претходно тоа им успеа на: Ѓоковиќ, Федеррер, Надал и Мареј.

Фото: Wimbledon/FB