Швјонтек по поразот во полуфиналето на ЛОИ: Плачев шест часа!
Швјонтек не можела да се смири по поразот од Чинвен Женг во полуфиналето на ЛОИ и откри дека плачела шест часа без престан.
„Плачев шест часа без престан по поразот. Ми требаа неколку дена да се соочам со неуспехот. Ми беа измешани чувствата - радост за бронзата, тага, разочарување. Жал ми е што не го освоив златото“, кажа Швјонтек.