Кога ќе се спомене руски женски тенис прва асоцијација сигурно е прекрасната Марија Шарапова, но дефинитивно имаме нејзина наследничка по изглед и талент, а тоа е 18-годишната Анастасија Потапова.

Станува збор за поранешната најдобра јуниорка во светот и шампионка на Вимблдон за тенисерки до 16 години, која дебитираше и на еден од гренслем-турнирите, кога на Вимблдон во 2017 година ги надмина очекувањата и се пласираше во главната ждрепка.

Од тогаш постојано ја подобрува позицијата на ВТА-листата, а минатата година играше на сите четири гренслем-турнири, но само на Ју-Ес Опен не се пласираше во второто коло.