Шампионката од Ју-Ес опен елиминирана во второто коло на Ролан Гарос

Освојувачката на минатогодишниот Ју-Ес Опен, талентираната 19-годишна Ема Радукану беше непријатно изненадена и елиминирана во второто коло од Ролан Гарос, откако подобра од неа беше Алаксандра Саснович.

Радукану го освои првиот сет со 6-3, по што следеше пад во играта, а тоа го искористи Белорусинката, која ги доби следните два сета со по 6-1.

На Радукану ова ѝ е втора рана елиминиација од гренслем-турнир, откако беше поразена и во Мелбурн во второто коло, иако лани сензационално го освои Њујорк и се очекуваше оваа година да има подобри резултати.