Се зголемија амбициите на Синер: Целта ми е титула на „Ролан Гарос“
Тој триумфираше на Австралија Опен, потоа освои уште два турнира, а најави атак и на „Ролан Гарос“ кој почнува пред крајот на мај.
„Сега ми е 'Ролан Гарос' главна цел. Од четврток ги почнувам подготовките за Монте Карло кој ќе биде мој прв турнир на земја. Пред Париз се Париз и Рим, а Рим е специјален турнир за мене. Мислам дека многу напредував последната година и дека можам уште подобро“, изјави Синер.
Од денеска тој е втор светски тенисер, а разликата со Новак Ѓоковиќ изнесува нешто повеќе од 1.000 бода.