
Се чека реакцијата на Ѓоковиќ: Димитров цело време знаел дека е заразен со Ковид-19!? (ВИДЕО)
На социјалните мрежи утринава на големо се шпекулира дека бугарскиот тенисер цело време знаел дека е заразен и тоа поради неговото однесување на теренот. На снимката која кружи на интернет, може да се види како Димитров одбива да се ракува како сите останати, односно дека со противникот и судијата се поздравува само со лакот.
Новак Ѓоковиќ одби да се тестира во Хрватска и планира да го стори тоа денеска во Белград, пред сѐ поради честите контакти со Димитров надвор од тенискиот терен како и поради позитивниот тест на неговиот кондициски тренер, Марко Паники.