Деко не е само поради Алварез во Мадрид, во фокусот е уште еден фудбалер
Иако првично се сметаше дека посетата е поврзана со евентуалниот ангажман на аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез, дел од медиумите тврдат дека каталонскиот гигант има уште една голема цел. Наводно, Деко сака лично да разговара со Родри и да го убеди да ја избере Барселона наместо Реал Мадрид.
Во Барселона веруваат дека имаат силни аргументи во трката за потписот на шпанскиот репрезентативец. Еден од главните адути е стилот на игра што го преферира тренерот Ханси Флик, кој, според клубот, целосно одговара на квалитетите на Родри. Дополнителна предност гледаат и во фактот што во каталонскиот состав веќе има неколку негови соиграчи од шпанската репрезентација, што би можело да влијае врз неговата конечна одлука.
Засега нема официјална потврда за конкретни преговори, но јасно е дека Барселона не се откажува од амбицијата да донесе звучни засилувања и да изгради тим кој повторно ќе се бори за најголемите трофеи.