Сабаленка освои титула во Кина и стана рекордерка

Aрина Сабаленка е победничка на ВТА турнирот од серијата 1000 кој се играше во кинескиот град Вухан.

Белорусинката која е втора светска тенисерка во финалето беше подобра од домашната претставничка Кивен Женг која пружи солиден отпор. Сабаленка до победата дојде со 2-1 во сетови (6-3, 5-7, 6-3) за два часа и 41 минута игра.

За Сабаленка ова е вкупно 23. трофеј во кариерата, но исто така стана и рекордерка по освоените титули кај дамите во Кина. Вкупно во кариерата Сабаленка дојде до пет титули во оваа земја и успеа да ја прескокне Агнешка Радванска од Полска која има една титула помалку.