Руското чудо од дете доби морбидни клетви! (ФОТО)

Една од најталентираните руски тенисерки Мира Андреева конечно загуби по одличната победничка серија и двете освоени титули во Дубаи и Индијан Велс.

Андреева по поразот во Мајами доби гнасни пораки и морбидни клетви на социјалните мрежи и реши да сподели дел од нив.

„Изгледаш како маж... Го заслужуваш најлошиот рак... Една од најлошите тенисерки во историјата“, беа само дел од коментарите.