Русија го освои Дејвис Купот

Руските тенисери ја совладаа Хрватска со 2-0 во финалето на Дејвис Купот, по двата сингл натпревари кои беа одиграни во Шпанија.

Во првиот натпревар вечерва Рубљов го донесе првиот поен за Русија со триумфот од 2-0 во сетови, односно 6-4 и 7-5 против Гојо, додека Медведев беше подобар од Чилиќ со 2-0 во сетови за вториот поен на Русите.

Русија стана четвртата земја која во иста година го освои натпреварувањето во двете конкуренции, откако претходно руските тенисерки го освоија Фед Купот.

За Русија ова беше трета титула во Дејвис Купот.