Рубљов загуби од Накашима, па го истури гневот врз рекетот (ВИДЕО)

Брендон Накашима го елиминира Андреј Рубљов со 6-4 и 7-6 во второто коло на турнирот во Барселона по што рускиот тенисер се изнервира и го распарчи рекетот.

Рубљов игра очајно веќе некое време, па така во Индијан Велс испадна во второто коло, во Мајами загуби во првото коло, а потоа во Монте Карло беше елиминиран во второто коло.

Русинот загуби и осум сетови по ред, односно четири натпревари, а тоа покажува во каква форма се наоѓа тенисерот.