Радукану го освои Ју-Ес опен, па две недели подоцна го отпушти тренерот!

Британската тенисерка Ема Радукану соопшти дека ја прекинала соработката со Ендрју Ричардсон, и тоа две недели по сензационалниот триумф на Ју-Ес Опен.

Младата тенисерка го оствари најголемиот успех во кариерата, откако пристигна во квалификациите на турнирот во Њујорк, а потоа ги мина сите пречки и го освои гренслем-трофејот.

„Тешко е да се водат такви разговори, потребен ми е некој кој има повеќе искуство, некој кој го минал ова и работел со тенисерки кои биле во иста ситуација како мене“, вели 18-годишната тенисерка.