Работите се враќаат во нормала: Ѓоковиќ ќе игра во Австралија
Според овој весник, австралиската Влада ќе му дозволи на Ѓоковиќ влез во земјата и покрај тоа што не е вакциниран против Ковид-19 и ќе може да атакува на 10-тата титула во Мелбурн.
Оваа година во јануари Ѓоковиќ мина низ голема драма, откако прво доби дозвола за влез во Австралија преку медицинско изземање, но потоа Судот му ја укина истата и беше депортиран од земјата. Поради тоа постоеше опасност тенисерот да добие забрана за влез во Австралија на неколку години. Сепак, тоа нема да се случи и Србинот без проблем ќе може повторно да заигра на грен слемот.
Тој во јануари 2022 година ќе ја бара својата 22.грен слем титула во кариерата.