Повеќето тенисери не сакаат да се одржи САД Опен

Поголемиот број тенисери, односно 70 отсто од нив, не се согласуваат да се одржи САД Опен под услови и ограничувања што организаторите на грен слем турнирот во Њујорк планираат да ги наметнат, тврди шпанскиот новинар Дани Мише.

Против строгите мерки кои организаторите ги наметнуваат веќе се изрази и првиот светски рекет, Србинот Новак Ѓоковиќ, во позадина на пандемијата од коронавирус.

Србинот пред неколку дена отворено изјави дека сериозно размислува да го пропушти САД Опен, ако тој воопшто се одржи.