Потврден првиот случај на Ковид-19 на Австралија опен

Паула Бадоса официјално е првата тенисерка учесничка на Австралија опен, која е позитивна на коронавирус. 

Шпанската тенисерка се огласи на социјалните мрежи и рече дека има одредени симптоми. Таа е дел од 67-те тенисери кои се во строг карантин во Мелбурн, откако на три лета до австралискиот град се појавија позитивни случаи на Ковид-19.

„Имам лоши вести. Добив позитивен тест на Ковид-19. Не се чувствувам најдобро и имам неколку симптоми. Ги слушам советите на докторите и се надевам дека набрзо ќе се опоравам. Префрлена сум во хотел, што е наменет за болни тенисери и постојано го следат моето здравје. Ќе се вратам посилна, ви благодарам на сите за подршката“, напиша Бадоса.  

Првиот сезонски грен слем Австралија опен почнува на 8.февруари.  Бадоса како и останатите тенисери кои се во карантин, ќе бидат во трка со времето да се подготват за настап во Мелбурн.