Поразот од Опелка, еден од најтешките во кариерата на Ѓоковиќ
Подобар од српскиот ас беше Рајли Опелка од САД кој славеше со 2-0 и направи големо изненадување. Пред овој меч, Американецот беше 293. на АТП листата што го прави најслабо рангиран тенисер од кого загубил Ѓоковиќ во последните 15 години.
„Рекордер“ останува Филип Крајиновиќ кој во 2010 година како 319. на АТП листата го победи Ѓоковиќ во четвртфиналето од Србија Опен во Белград.