„Политиката не го победи Ѓоковиќ, туку здравиот разум - ова е срамота!“

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ нема да има можност да ја брани титулата на Австралијан опен затоа што беше депортиран, по што неговите колеги ширум светот го кренаа гласот.

Меѓу тенисерите кои се побунија против оваа одлука е Украинецот Сергеј Стаховски, кој имаше што да каже во одбрана на Ѓоковиќ.

„Многу тажен ден за историјата на тенисот. Тажно е кога политиката ќе го победи здравиот разум. Законот е ист за сите, но толкувањата се различни. Срамно е да се нападне еден човек поради неговите убедувања кои се разликуваат од другите“, напиша Стаховски на Твитер.

Украинецот учествуваше на Австралијан опен годинава во квалификациите за главната ждрепка, но не успеа да ги мине.