
Почна УС-опен со големо изненадување: Четвртиот светски рекет во аут!
Баена славеше со 5-3, 4-6, 6-3, 6-2 за да направи големо изненадување на стартот и сега во второто коло ќе игра со подобриот од мечот Алсан Карацев – Јиржи Лехачка.
Рубе важи за еден од најголемите тениски таленти, на кого му предвидуваат сјајна кариера, а досега има три гренслем четвртфиналиња, но на УС-опен најдалеку му беше трето коло. Годинава не успеа да ја мине ни првата пречка, а тој беше потенцијален противник на еден од фаворитите Новак Ѓоковиќ во полуфиналето.