Победнички кам-бек на Надал во Барселона
Надал, кој во моментов е на 644. место на АТП листата, но игра со специјална покана како 11-кратен шампион во Каталонија, изгледаше одлично на теренот на кој низ кариерата одлично се чувствуваше. Во првите три гема се загреваше, но од четвртиот, кога ја искористи третата брејк-топка, почна да го меле својот противник. Проблеми имаше само во шестиот гем кога спаси четири брејк-топки за вториот сет да го добие со 6-2.
Во второто коло, Надал ќе игра против четвртиот носител Алекс де Минор кој е 11. на АТП листата во моментов.