Париз го доби првиот Французин финалист по 13 години

Откако пред неколку дена го елиминира Карлос Алкараз, францускиот тенисер Уго Имбер денеска обезбеди пласман во големото финале од последниот Мастерс во сезоната, во Париз.

Во полуфиналето, тој беше подобар од Карел Хачанов со 2-1 (6-7, 6-4, 6-3), на задоволство на еуфоричната домашна публика која навиваше како да станува збор за фудбалски натпревар. Имбер е првиот Французин финалист на Мастерсот во Париз по пауза од 13 години, односно по 2011 кога за титулата се бореше Жо Вилфред Цонга.

Имбер во моментов се наоѓа на 18. место на АТП листата, а утре против Александар Зверев ќе се бори за својата прва Мастерс титула во кариерата. Досега има шест трофеи, но најголем успех му се триумфите на АТП 500 турнирите во Дубаи и Токио, двата оваа година..