Откажувањето на Алкараз не е од физичка, туку од психолошка природа

Изненадувачка беше одлуката на Карлос Алкараз да го откаже својот настап од АТП турнирот во Барселона и покрај тоа што минатата недела не играше ни во Монте Карло поради повреда.

Многумина сметаа дека причината е иста - повреда на раката, но шпанските медиуми тврдат дека се работи за нешто друго. Наводно, на последниот тренинг пред патувањето во Барселона, Алкараз почувствувал дека не е целосно подговен, едвај го удирал топчето, не го чувствувал рекетот, особено на форхенд и тоа влијаело на неговата самодоверба. Забележан е како долго зборува со својот медицински тим и на крајот заклучил да не игра во Каталонија.

Претходните две години тој го освојуваше пехарот во Каталонија и секако ќе беше прв фаворит на овој турнир, а вака ќе загуби 500 бода. Се очекува да биде подготвен за Мастерсот во Мадрид кој е на програмата од 26 април до 7 мај.