
„Новиот Надал“ се извади: Спаси меч топка, па со пресврт обезбеди трето коло
Алкараз успеа да ја мине втората пречка на Роланд Гарос далеку потешко од очекувањата, а како притаен фаворит после освојувањето на Мастерсот во Мадрид многумина го гледаат и како потенцијален освојувач на годинешниот гренслем во Париз.
Но, на раб на бездната беше Алкараз во четвртиот сет, откако во деветиот гем го загуби својот сервис за Рамос-Винолас да поведе со 5-4, а потоа тој на свој сервис имаше меч топка, која успеа да ја спаси Алкараз, направи рибрејк, па сетот го однесе во тајбрејк каде убедливо го доби со 7-2, а потоа во петтиот решавачки сет повторно да се мачи иако набрзина направи 3-0, но противникот успеа да израмни и во деветтиот гем повторно го загуби својот сервис, за на крај младиот тинејџер и шести носител да ја потврди победата со 6-4 во гемот без загубен поен.
Welcome to the @alcarazcarlos03 show ?#RolandGarros pic.twitter.com/fVbODNenSl
— Roland-Garros (@rolandgarros) May 25, 2022