Новинар му бараше изговор за поразот, а Надал му порача: Навистина? Ова е сра*е...

Рафаел Надал во првото коло од Завршниот турнир загуби од Александар Зверев во само два сета. А откако и сам кажа дека има здравствени проблеми, новинарите се обидоа да најдат оправдување за неговиот пораз.

На конференцијата за медиуми, Надал доби прашање дали во фокус му е тенисот со оглед на тоа дека неодамна се венчаше.

„Навистина ме прашувате тоа? Ова е некоја шега. Изненаден сум од прашањето. Со истата девојка сум 15 години, имам стабилен и нормален живот, не е важно што сега има прстен на рака. Ајде да продолжиме со други прашања, зошто ова е сра*е“, порача Надал.

Првиот тенисер во Лондон следниот меч ќе го игра против Данил Медведев.