Нова бламажа на Томиќ: Претрпе пораз за само 39 минути!

Еден од најконтроверзните тенисери на денешницата, Австралиецот Бернард Томиќ, целосно се избламира на турнир во Њујорк, откако во финалниот дуел од квалификациите загуби од Јапонецот Го Соеда (112-ти играч на АТП) со 6-2 и 6-1 за само 39 минути.

Колку и да делува неверојатен овој пораз, Томиќ во својата кариера знаеше како да запише и поголеми бламажи. Во 2014 година тој загуби натпревар против Финецот Јарко Ниеминен за само 28 минути.

Инаку, ова не е ни чудо кога е во прашање Томиќ, видејќи тенисерот важи како голем љубител на забавите, алкохолните пијалоци, девојките...