Невидена ситуација во Њујорк: Четири тенисерки во трка за првото место на ВТА листата
Сабаленка во Њујорк пристигна како прва носителка и актуелна шампионка, со сериозна задача да ја одбрани лидерската позиција. Белорусинката веќе ја продолжи одбраната на титулата и стигна до четвртото коло, со што нејзината серија на победи на УС Опен достигна 16 меча.
Најсериозната закана за нејзиниот престол е Елена Рибакина. Казахстанката е втора носителка, а доколку стигне до полуфиналето, ќе го обезбеди првото место на ВТА-листата без оглед на останатите резултати. Во трката е и Џесика Пегула, која како трета носителка има можност да направи голем скок на светскиот врв. Американката, заедно со Рибакина и Гоф, е единствената тенисерка која може да ја симне Сабаленка од првата позиција.
Шанса има и Коко Гоф. Американката на домашен терен ја брка втората титула на УС Опен, а за да стане број 1 ќе мора да го освои турнирот и да се надева дека Рибакина нема да стигне до полуфиналето.
Токму затоа борбата во Њујорк нема да биде само за престижниот трофеј. Секоја победа може да има огромно значење и во битката за првата позиција на светската ранг-листа.