Несекојдневна сцена на турнирот во Шангај: Фоњини одлепи, Мареј едвај се исконтролира! (ВИДЕО)

По маратонскиот натпревар, Фабио Фоњини се пласираше во осминафиналето на АТП турнирот во Шангај, откако со 2-1 во сетови (7-6, 2-6, 7-6) славеше против поранешниот прв рекет - Енди Мареј.

Мареј се врати на тениските терени по операцијата на колкот и играше подобро во текот на изминатиот месец, но денес загуби, иако во третиот сет водеше со 6-5. Сепак, натпреварот го одбележа необична ситуација, а се случи веднаш откако Шкотланѓанецот освои брјек против Фоњини и на свој сервив требаше само да дојде до победата.

Тенисерите тргнаа на пауза помеѓу двата гема, а Фабио Фоњини не престана да зборува, што го правеше и за време на натпреварот во неколку наврати.

Кога стигнаа до мрежата, двајцата влегоа во расправија, а откако седнаа, Фоњини сè уште не престана да зборува.

Мареј застана да му објасни на судијата што се случувало во текот на еден поен, а Фоњини одговори: „Зошто се жалиш“, на што Енди одговори: „Замолчи! и продолжи да му објаснува на судијата иако Фоњини продолжи да го дофрла.