Не му даваат ниту да преспие: Новак мора под итно да ја напушти Австралија!
Федералниот суд во Мелбурн утринава по средноевропско време ја одби жалбата на Србинот за поништената виза, по што тој реши да не ја искористи последната можност, а тоа е жалба до Врховниот суд, за што немаше време.
Ваквото брзање на Австралијците никому не му е јасно, особено што веќе е вечер во оваа држава (плус 10 часа на времето во Македонија), кога не е едноставно да се организира патување кон Европа. Но, тоа не ги интересира имиграциските власти, кои на Ѓоковиќ му дадоа само неколку часа да си замине, без да му дозволат да одмори, отспие и да најде најбрз и наудобен начин да се врати во Србија.