Најзгодната тенисерка во светот заминува во пензија на 31 година (ФОТО)

Канадската тенисерка Евгени Бушар која долги години важеше за најатрактивната во белиот спорт става крај на својата кариера на 31 година.

Подолго време Бушар работи и како модел, а на теренот во последните години ретко се појавуваше. Така во последните две години собра само пет настапи, четири во 2024 година и еден во актуелната, па нејзината одлука и не е преголемо изненадување.

Последниот настап во професионалниот тенис ќе го има во својот роден град, Монтреал на турнирот од серијата ВТА 1000 кој ќе се одржи од 27 јули до 7 август.

„Секогаш знаеш кога е вистински момент. За мене тој е сега. Завршувам таму каде што започнав: Монтреал“, објави Бушар со фотографија од времето кога како девојче ја започнуваше кариерата.

Инаку, Бушар неодамна потпиша и договор со Професионалната пикбал асосцијација, па и понатаму ќе остане во спортот. Пикбал е спорт кој е некој видд комбинација на тенис и пингпонг.