Надал се враќа на турнирот на кој има 11 титули

До пред неколку часа не беше јасно, но Рафаел Надал го прекина молкот и потврди дека ќе настапи на АТП турнирот во Барселона кој почна денеска.

Во последните неколку месеци, тој го откажа учеството на неколку важни турнири, последниот од нив во Монте Карло минатата недела, но во ниеден момент не помисли на повлекување од тенисот. Неизвесно беше и дали ќе игра во Барселона, но со својата објава потврди дека, сепак, ќе се најде на теренот.

„Дојдов овде и одлучив во последен момент. Утре ќе бирам на теренот“, изјави Надал кој на турнирот ќе учествува со специјална покана.

Негов прв противник ќе биде Коболи од Италија, а натпреварот е закажан за утре. Турнирот во Барселона е еден од оние каде што Надал има најмногу трофеи во кариерата - 11, последниот од нив освоен во 2021 година.