Надал: Колку сум постар, толку ми е потешко да играм тенис!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по пауза од 681 ден се врати на неговата омилена подлога и запиша победа на стартот на турнирот во Барселона против Флавио Коболи со 2-0 во сетови.

Надал паузираше долго време порази повреди и ова му е прв настап по турнирот во Бризбејн на почетокот на 2024 година.

„Се обидував многу пати во кариерата, но секој пат е сè потешко. Колку сум постар, толку ми е потешко да играм тенис. Поминав низ тешки моменти, но среќен сум што се вратив на теренот“, кажа Надал.

Шпанецот во следното коло во Барселона ќе игра против Алекс Де Минор.