Надал фуриозно го почна настапот во Мадрид – загуби само три гема!

Најдобриот светски тенисер на земјена подлога, Рафаел Надал, фуриозно го почна настапот на мастерс-турнирот во Мадрид, откако во второто коло еспресно славеше во пресметката со младиот сонародник Карлос Алкараз со 6-1, 6-2.

Во следниот круг, популарниот Рафа ќе се сретне со подобриот од мечот помеѓу Јаник Синер и Алексеј Попирин.

Во осминфиналето на овој турнир што се игра на земја се пласираа и Данил Медведев, кој беше подобар од Давидович Фокина, како и Александар Зверев, кој го елиминираше Кеј Нишикори.