Надал до вчера го бркаше Ѓоковиќ, а сега го губи второто место на АТП-листата?

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе го пропушти турнирот во Ротердам за кој беше претходно пријавен, па така Данил Медведев ќе има можност да го премине неговиот ривал на АТП-листата.

„Кралот на земјата“ немаше голем успех на Австралијан опен откако беше елиминиран во четвртфиналето, а сега поради повреда ќе мора да го пропушти и турнирот во Ротердам.

Од друга страна, талентираниот Медведев одигра одличен турнир во Мелбурн и се пласираше во финалето, каде што загуби од Новак Ѓоковиќ.

Медведев поради одличниот настап скокна до третата позиција на АТП-листата, а сега повредата на Надал би можела да му помогне да стигне и до второто место.

Доколку рускиот тенисер се пласира во финалето на турнирот во Ротердам, тогаш ќе заработи доволно поени за да го премине ривалот од Шпанија на табелата.