На УС-опен нема да има линиски судии – одлуки ќе носи „око соколово“

Годинешниот гренслем турнир во САД, УС-опен на кој нема да учествуваат Роџер Федерер и Рафаел Надал ќе помине без линиски судии, поради пандемијата со коронавирус и да се скрати шансата за евентуално ширење на заразата.

Турнирот кој треба да се одржи од 31 август до 13 септември, одлуки ќе носи исклучиво видео-технологијата „око соколово“, кое се користеше досега само при „челенџи“, односно кога тенисери се сомневаат во одлуката на линиските судии околу некоја одлука.

Пандемијата со коронавирус која жестоко го погоди светот, па практично ги откажа веќе подолг период најголем дел од спортските настани, го примора организаторот да го намали бројот во организацискиот дел на турнирот, вклучувајќи ги и судиите, па сега на главниот судија само ќе му омага „око соколово“.

Турнирот во Њујорк ќе се одржи без гледачи, а светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ кој го победи ковид-19 најави учество.